На 16 мај, Нуркачкиот центар Амфора од Охрид ја реализираше 6-тата меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад, обединувајќи ентузијасти и љубители на природата со заедничка цел – зачувување на едно од најголемите природни богатства во регионот.


Адмирал со гордост ја поддржа оваа значајна еколошка иницијатива, потврдувајќи дека општествената одговорност и грижата за животната средина се вредности кои ги негуваме и поддржуваме.

Секое исчистено парче отпад е чекор поблиску до почиста природа, поздрава животна средина и подобро утре за сите нас.


Заедно можеме повеќе. Заедно чуваме вредности што траат.